10/07/2020
НОВ ИЗНОС НА МИНИМАЛНА ПЛАТА ПОЧНУВАЈЌИ ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ 2020 ГОДИНА
Ве известуваме дека согласно објавата на Министерството за труд и социјална политика објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.75/20 и Уредбата со законска сила за примена на Законот за минимална плата „Службен весник на РСМ“ бр.88/20, износот на минимална плата почнувајќи од месец Јули 2020 година во бруто износ изнесува 21.776 денари.
Врз основа на тоа износот на минималната нето плата изнесува:14.934 Денари
Поздрав и имајте убав ден од тимот на Каталекс 😀
НОВ ИЗНОС НА МИНИМАЛНА ПЛАТА ПОЧНУВАЈЌИ ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ 2020 ГОДИНА
09/04/2020
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА
Почитувани,
Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 93/20 објави Уредба со законска сила за ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година најмногу до 14.500 денари месечно по работник
За користење на финансиската поддршка, работодавачот-барател на финансиска поддршка треба да ги исполни следните услови:
-Намалувањето на вкупните приходи на работодавачот-барател на финансиска поддршка во месец април 2020 година или во месец мај 2020 година да изнесува повеќе од 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени во 2019 година, работодавачот-барател на финансиска поддршка кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи за последниот сезонски период од 4 месеци споредено со просечните приходи за сезонскиот период од истите 4 месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%;
-Работодавачот-барател на финансиска поддршка да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените
-Најмногу 10% од вкупниот број на вработени кај работодавачот-барател на финансиска поддршка да имаат поединечна месечна нето плата над 120.000 денари месечно по вработен, за месецот за кој се бара финансиска поддршка.
Враќање на финансиската поддршка
Враќањето на износот ќе се изврши на три месечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни 2021 година.
18/03/2020
Субвенции за придонеси на вработените и бескаматни кредити за справување на бизнисот со последиците од КОВИД-19
➡️ Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Она што е овде важно е дека овие кредити се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти, грејс периодот ќе биде 6 месеци, а рокот на отплата 2 години.
➡️ Субвенционирање на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година, со субвенција на придонеси по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година
➡️ Во однос на работењето во фабриките и погоните каде работат голем број на работници, Владата препорачува да се реорганизира работата во смени, по потреба и во 4 смени, посебно во компании со поголем број на вработени. Владата исто препорачува дезинфекција на фабриките и работните површини после секоја смена
➡️ Заради овозможување на непречен влез и транзит на товарни возила, Санитарен инспекторат преку Макамтранс ќе дава дозвола за влез со цел да има непрекината трговска размена.
Сите дополнителни информации на следниот линк:
https://vlada.mk/node/20574?fbclid=IwAR2vvzrsW4CJD7VbZbIXN2jdKj1bMTA4b_QSQ6WTri-sC_368klANtbsWVE
Царовска: Субвенции за придонеси на вработените и бескаматни кредити за справување на бизнисот со последиците од КОВИД-19
Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на народна б...
16/03/2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ❗️❗️ ❗️
Почитувани,
Во согласност со препораките и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија,друштвото ДУТ Каталекс е во поддршка на мерките за превенција и заштита од актуелниот COVID-19 корона вирус.
Се препорачува на клиентите кои имаат потреба од документите, барањата и потврдите кои ги издава друштвото,истите да бидат барани по електронски пат и тоа преку веб или електронска пошта на страницата на ДУТ Каталекс книговодствено биро.
ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ!
09/01/2020
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЛИМИОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ СО ГОТОВИНА НА СТОКИ И УСЛУГИ
Почитувани,
Во „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 се објави дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Согласно донесените дополнувања, се зголемува дозволениот лимит за плаќање со готовина на стоки и услуги од 500 евра на 3.000 евра.
Тоа значи дека трговците кои за својот извршен промет на стоки и услуги наплаќаат во готовина, истото можат да го вршат до износот од 3.000 евра.
Поздрав и имајте убав ден од тимот на Каталекс! 😀😎😎
02/01/2020
Почитувани,
Тимот на Каталекс ви ја честита Новата 2020 година и ви посакува многу среќа, здравје и успеси.
Нова година значи Нов почеток време е за работа.
Поздрав од тимот на Каталекс.
15/11/2019
Минимална плата 1️⃣4️⃣. 5️⃣0️⃣0️⃣ денари!
Од следниот месец за сите работници минималната плата ќе изнесува 14.500 денари!
Имајте убав ден и поздрав од тимот на Каталекс 😎😀😁
01/10/2019
Секогаш во тек со новите законски прописи, даноци и работни односи!
Имајте убав ден и поздрав од тимот на Каталекс 😁😎😂
02/09/2019
Проверете колку точно плата заслужувате.
Споредете ја својата плата.
Подгответе се за преговори за плата со најголемото истражување за плати во Македонија.
Базата содржи 14.426 одобрени профили за плата.
https://www.mojaplata.mk
Имајте убав ден и поздрав од тимот на Каталекс 😎😀😁
Истражување за плати |... - Mojaplata.mk
Нето плата, бруто плата – Плати по работни места, преглед на платите во Македонија и во странство.
12/06/2019
Поздрав од тимот на Каталекс 😎😎😎
17/05/2019
ЗАБРАНА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СТОКИ И УСЛУГИ СОГЛАСНО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
Од 1 јуни 2019 година на износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност.
Во член 182 од Законот е пропишано дека почнувајќи од 01 Јануари 2019 година износот на забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 се намалува на 1.000 евра а од 1 јуни 2019 година на износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност.
Во однос на примената на забраната за готовински плаќања, контрола над правните и физичките лица врши Управата за јавни приходи во согласност со своите надлежности.
Поздрав и имајте убав ден од тимот на Каталекс 😎😀