24/07/2026
Кои компании ќе го движат светот во следните години? 🤔
Не го знаеме одговорот однапред.
Но знаеме дека многу од денешните глобални лидери се создадени и развиени токму на американскиот пазар.
НЛБ Америка е акциски инвестициски фонд кој инвестира во овие компании. 🌎
23/07/2026
Пред да изберете каде да инвестирате, поставете си едно важно прашање: Кога ќе ви бидат потребни овие пари? ⏳
Времето е еден битен фактор што влијае на изборот на соодветна инвестиција.
Прво размислете за вашата цел.
Потоа за патот до неа.
22/07/2026
📊 Што се случуваше на берзите?
Американските банки ја започнаа сезоната на финансиски резултати со добивки над очекувањата, додека послабата инфлација во САД донесе дополнителен оптимизам кај инвеститорите. Технолошкиот сектор, пак, забележа краткорочна корекција.
📈 Повеќе во неделниот преглед на берзите:
https://www.nlbfondovi.mk/osnovi-i-strategii-za-investiranje/nedelen-pregled-na-berzite/2026/amerikanskite-banki-ja-otvorija-sezonata-na-finansiski-rezultati
17/07/2026
Сите сакаме да го слушнеме истиот одговор: „Ова е најдобрата инвестиција.“
Но вистината е дека таква инвестиција не постои.
Најдобрата инвестиција е онаа што одговара на:
✔️ вашите цели
✔️ вашиот временски хоризонт
✔️ вашата подготвеност за ризик.
Затоа различни инвеститори избираат различни инвестициски фондови. Не затоа што еден е подобар од друг, туку затоа што секој има различни потреби.
16/07/2026
📊 Неделен преглед на пазарите
И покрај зголемените геополитички тензии, глобалните пазари останаа релативно отпорни.
▪️ Американските акции продолжија со раст, предводени од технолошкиот сектор и развојот на вештачката интелигенција.
▪️ Европските пазари беа повнимателни поради повисоките цени на енергенсите и претстојната сезона на квартални резултати.
▪️ Пазарите во развој имаа краткорочна корекција, но и понатаму бележат најсилен раст од почетокот на годината.
👉 Погледнете го неделниот пазарен преглед: https://www.nlbfondovi.mk/osnovi-i-strategii-za-investiranje/nedelen-pregled-na-berzite/2026/pazarite-na-kapital-ostanuvaat-otporni
15/07/2026
Секое патување е различно.
Како и секоја инвестиција.
🧭Изберете го патот што одговара на вашите цели.
14/07/2026
☀ Не се работи за откажување од малите задоволства. Се работи за тоа што би можел да направи и мал дел од тие пари, ако редовно ги вложуваш.
👉https://www.nlbfondovi.mk/korisni-presmetki/kolku-mozete-da-zashtedite
09/07/2026
Инвестициската приказна отсега продолжува со уште подобро дигитално искуство.
Ви ја претставуваме NLB Fondovi Nova: новата мобилна апликација дизајнирана за поедноставно следење на вашите инвестиции и побрз пристап до информациите.
Преземете ја апликацијата:
👉Google Play: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.nlbfondovi.nova
👉App Store: https://apps.apple.com/mk/app/nlb-fondovi-nova/id6761458985
NLB Fondovi AD Skopje
Друштво за управување со инвестициски фондови. Инвестирајте во својата иднина!
23/06/2026
Една од најинтересните разлики во инвестициската култура на САД е тоа што вложувањето често не се доживува како краткорочен потег, туку како дел од личен финансиски план.
За многу Американци, фондовите се поврзани со долгорочни цели:
✔ планирање за иднината
✔ финансиска дисциплина
✔ постепено градење капитал
Ова е добар потсетник дека инвестирањето не мора секогаш да почнува со идеја за „брза добивка“. Понекогаш почнува со едноставно прашање: како сакам да изгледа мојата иднина за 10 години?
#НЛБФондови #НЛБАмерика #Инвестирање #ФинансискаПисменост #ДолгорочноРазмислување