05/02/2026
Е-Фактура стартува наскоро ....
Воведување на Е-Фактура и во соработка со Управата за јавни приходи
Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.
08/01/2026
е – Фактура - Почетокот на I фаза
Директорката на УЈП Елена Петрова појасни дека во пилот фазата на е – Фактура ќе се тестира Апликативниот програмски интерфејс (API) за испраќање е‑фактури – технички мост што ги поврзува деловните софтвери со платформата за е‑фактурирање и овозможува автоматска и стандардизирана размена на фактури.
Таа нагласи дека: Tехничката документација за API интерфејсот е веќе објавена, а тест платформата е пуштена во употреба. Во тестирањето можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници на системот е‑УЈП, при што повратните информации од компаниите ќе имаат клучна улога во финалното унапредување на системот.
Ги повика сите компании и ИТ субјекти кои сакаат да се вклучат во тест фазата на системот за е‑Фактура и да ги следат чекорите за користење. Најпрво како што појасни потребно е да пристапат до целосната проектна документација на веб страницата https://efakturawiki.ujp.gov.mk и да ги усогласат постојните софтверски решенија на компаниите со техничките и функционалните барања на системот за е‑фактурирање.
Потоа, да се најават на https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg и да доделат привилегии за користење на системот е-фактура, а преку https://efakturatest.ujp.gov.mk да се најават на тест платформата и да регистрираат валиден сертификат.
Повеќе:
http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1181
Управа за Јавни Приходи на Република Северна Македонија
Како даночен орган кој функционира единствено на територијата на Република Северна Македонија, УЈП оперативно ја спроведува даночната политика и врши наплата на ....
02/01/2026
РАБОТНО АНГАЖИРАНИТЕ ЛИЦА НЕ ГИ ГУБАТ ПРАВАТА НА НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ
Во Службен весник на РСМ бр. 269/25 се објавија Закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност кој влезе во сила на 31.12.2025 година.
Со овој закон се врши усогласување со одредбите од Законот за работно ангажирање на лица („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 104/25) со кој се уредуваат прашањата за размена на трудот, правата и обврските на работодавач, невработените лица, други лица кои бараат работа и државата, во врска со вработувањето и осигурување во случај на невработеност и други прашања од значење за вработувањето.
Со измените на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност се дефинираат правата и на работно ангажираните лица кои имаат статус на невработени лица.
Согласно дополнување на член 53 со нов став 7, невработено лице кое е работно ангажирано согласно со Законот за работно ангажирање на лица, не го губи статусот на невработено лице и не се брише од евиденцијата на невработени лица за времетраењето на работното ангажирање.
Новиот став 3 од член 77 дефинира дека евидентираното невработено лице кое е ангажирано согласно со Законот за работно ангажирање на лица, не го губи правото на паричен надоместок согласно овој закон и не се брише од евиденцијата на невработени лица.
СЕ ЗГОЛЕМУВА РОКОТ НА ВАЖНОСТА НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ ЗА ТРГОВЦИТЕ НА МАЛО
Во Службен весник на РСМ бр. 269/25 се објави Законот за изменување на Законот за трговија кој влезе во сила на 31.12.2025 година.
Согласно член 23-а од Законот за трговија, трговецот на мало кој врши продажба на алкохолни пијалаци, за продажбата на алкохолни пијалаци е должен да поседува лиценца.
Со измените се предвидува зголемување на рокот на важност на лиценците за продажба на алкохолни пијалоци кај трговците на мало кои продаваат алкохолни пијалоци од 2 на 4 години.
Согласно измената во став 2 и 5 од член 23-а од Законот, лиценцата ќе важи за период од четири години (претходно 2) од кога ќе ја добие трговецот на мало.
30 дена пред истекот на рокот за кој е издадена лиценцата, може да се продолжи за период од четири години (претходно 2), на барање на трговецот на мало кој врши промет на алкохолни пијалаци.
Со измената во законот се наведува и дека за започнатите постапки согласно со овој закон ќе продолжат да се применуваат одредбите од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија„ број 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 48/2009, 99/2009, 105/2009, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ број 77/21, 215/21, 295/21, 150/22, 93/23 и 16/25).
ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Последното изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се објави во Службен весник на РСМ бр.267/2025 и влезе во сила од 30 декември, а ќе започне да се применува од 1 јануари 2026 година.
Измените се прават за да се направи усогласување со Законот за работно ангажирање на лица.
Според измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување:
- обврзници за плаќање на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и дополнителниот придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување се и работно ангажирани лица за сезонска и повремена работа согласно Законот за работно ангажирање на лица (член 7 и 11),
- исплатувачот на паричниот надоместок е обврзник за пресметка и уплата на придонесите за работно ангажираните лица, односно лицата за сезонска и повремена работа согласно Законот за работно ангажирање на лица (член 13),
-основицата за придонеси за оваа категорија на лица е износот од 1/30 од висината на најниската основица за пресметка и уплата на придонесите која е пропишана во овој закон, за секој ден на работно ангажирање, независно од висината на договорениот паричен надоместок и часовите за кои лицето е ангажирано (член 14),
-се намалува стапката на придонесот за задолжително здравствено осигурување за обврзникот кој е корисник на пензија - од 13% на 11.8% (член 25).
11/12/2025
Новини во Законот за ДДВ ---->18.12.2025
Најновата измена на Законот за данок на додадена вредност беше објавена во „Службен весник на РСМ“ бр. 247/2025 и ќе стапи на сила на 18 декември 2025 година.
Новините се однесуваат на член 27-б, кој се однесува на ослободување од ДДВ при увоз на стоки.
На овој член се додава нова точка 2-а, според која стоки испратени од странство од физички лица кои ги прима физичко лице со живеалиште или одобрен престој во РСМ, доколку вкупната вредност на пратката не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, стоките се испраќаат бесплатно и таквиот увоз е од некомерцијален карактер.
Кога вкупната вредност на пратка што се состои од две или повеќе стоки го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, ослободувањето се одобрува до тој износ за стоките кои, доколку се увезуваат поединечно, би биле ослободени.
Кога вредноста на поединечно добро го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, неговата вредност не може да се подели за да се оствари правото на ослободување до тој износ. Ослободувањата не важат за: - тутун и тутунски производи, - алкохол и алкохолни пијалоци и - парфеми и тоалетни води.
Во исто време, беше избришана точката 26 од овој член, според која увозот од ДДВ беше ослободен за „пратки со мала вредност испорачани од странство до приматели во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност.
Ослободувањата не важат за тутун и тутунски производи, алкохол и алкохолни пијалоци, како и парфеми и тоалетни води“.
02/01/2025
ОДЛОЖЕНА ПРИМЕНА НА МСФИ 9
ОД 01.01.2028 г.
Во Службен весник на РСМ бр. 274/2024 се објави дополнување на Правилникот за начинот на водење сметководство.
Дополнувањето ќе отпочне да се применува
од 1 јануари 2025 година.
Согласно дополнувањето на членот 3 од Правилникот за начинот на водење сметководство Меѓународниот стандард за финансиско известување 9
- Финансиски инструменти кој го применуваат големите и средни трговци ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2028 година.
Друштвата за осигурување продолжуваат да ги применуваат Меѓународниот стандард за финансиско известување МСФИ 4 Договори за осигурување и Меѓународниот сметководствен стандард МСС 39 Финансиски инструменти: признавање и мерење дадени во Прилог на Правилникот за водење сметководство („Службен весник на Република Македонија” бр. 159/09, 164/10 и 107/11) до 31 декември 2027 година.
02/01/2025
НОВИ МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ ЗА РЕВИЗИЈА
Во Службен весник на РСМ бр. 273/2024 се објави Објава за престанување на важење на меѓународните стандарди за ревизија според која престануваат да важат Меѓународните стандарди за ревизија објавени во „Службен весник на РМ” бр. 79/10.
Во истиот Службен весник се објавија Меѓународни стандарди за ревизија и други релевантни објави на меѓународната федерација на сметководители (IFAC), односно:
Меѓународни стандарди за управување со квалитетот, меѓународни стандарди за ревизија, Меѓународни стандарди за ангажмани за уверување, Меѓународни стандарди за ангажмани за проверка, Меѓународни стандарди за поврзани услуги, објави за меѓународна ревизорска практика (во понатамошниот текст: МСР) и Меѓународен кодекс за етика за професионалните сметководители
Објавата се однесува на следните изданија:
-Handbook of International Quality Management,
-Auditing, Review,
-Other Assurance, and
-Related Services Pronouncements (издание 2022);
-Handbook of the International Code of Ethics for Professional Accountants (издание 2023).
1. Овластениот ревизор при вршењето на ревизијата и други поврзани услуги ги применува МСР и Меѓународниот Кодекс за етика за професионалните сметководители издадени од страна на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC) објавени во Службен весник на Република Северна Македонија.
2. Меѓународните стандарди за ревизија (МСР) и другите релевантни објави на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC), како и Меѓународниот Кодекс за етика за професионалните сметководители, стапуваат во сила еден ден по објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија (31.12.2024 г.), а ќе се применуваат како што следи:
0001 - ангажмани за ревизија - ревизија на финансиски извештаи за финансиски периоди кои започнуваат на или по 1 јануари 2025 година;
0002 - ангажмани за уверување - за извештаи за уверување онаму каде што извештајот за уверување е со датум на или по 1 јануари 2025 година;
0003 - ангажмани за проверка - проверки на финансиски извештаи за финансиски периоди кои започнуваат на или по 01 јануари 2025 година;
0004 - други поврзани услуги за финансиски извештаи - ангажмани за кои условите на ангажманот се договорени на или по 1 јануари 2025 година.
3. За сите ангажмани за ревизија/проверка на финансиски извештаи кои се однесуваат на финансиските периоди пред оние што се наведени во точка 2, а истите се прифатени пред 1 јули 2025 година, ќе се применуваат МСР и Кодексот на етика, објавени во Службен весник на РСМ бр. 7 9/2010.
За сите ангажмани за ревизија/проверка на финансиски извештаи кои се однесуваат на финансиските периоди пред оние што се наведени во точка 2 од оваа објава, а истите се прифатени на или по 1 јули 2025 година, ќе се применуваат МСР и Кодексот на етика кои се во важност во моментот на извршување на ревизијата.
https://www.ifac.org/what-we-do/supporting-international-standards
https://www.ifac.org/what-we-do/speak-out-global-voice/points-view/greater-transparency-and-accountability-public-sector
02/01/2025
НАДОМЕСТОК ОД 2% ЗА РАБОТА
ВО НЕДЕЛА И ПРАЗНИК
- РОК ДО 15 ЈАНУАРИ 2025 ГОДИНА
Обврска да се пресмета и плати надоместок од 2% за работа во недела и празник (празници кои се неработни денови за сите граѓани на РСМ) имаат:
- продавниците на бензиски станици и
- продавниците, киосците и штандови во трговски центри (молови).
Овие трговци треба до 15 јануари 2025 година да уплатат надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во 2024 година од работа во недела и празници.
За продавниците на бензиските станици, за остварен приход се смета вкупниот приход остварен од трговија на мало, без приходот од продажба на моторни горива (нафтени деривати).
Уплатата на надоместокот треба да се изврши до 15 јануари 2025 година на образец (ПП50), и секоја наредна година последователно на вкупниот приход остварен во претходната година.
30/12/2024
НОВ ЛИМИТИРАН ИЗНОС ЗА ПРОДАЖБА
НА СТОКИ И УСЛУГИ ВО ГОТОВО
ОД 01.01.2025, до вредност од мах - 1.000 EURO
Согласно член 58 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на РСМ бр. 151/2022 и 208/2024) се забранува плаќање со готовина (книжни и ковани пари кои врз основа на закон се во оптек) на стоки и услуги над пропишан износ во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
Забраната не се однесува на приредувачите на игри на среќа.
Со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам постепено се намалуваше дозволениот износ за плаќање со готовина на стоки и услуги што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги и истиот:
- во 2022 година и 2023 година беше 3.000 евра
- до крај на 2024 година е 2.000 евра
-------------------------------------------
- од 1 јануари 2025 година е 1.000 евра.
Управата за јавни приходи во согласност со своите надлежности врши надзор врз правни и физички лица во однос на примена на забраната за готовински плаќања од членот 58 од овој закон.
Во член 187 од овој закон, пропишана е следнава глоба за примање готовина спротивно на член 58, односно над 1.000 евра и тоа:
- 30.000 до 40.000 евра во денарска противвредност (за голем трговец),
- 20.000 до 30.000 евра во денарска противвредност (за среден трговец),
- 10.000 до 20.000 евра во денарска противвредност (за мал трговец),
- 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност (за микро трговец).
Истовремено овој член од законот предвидува и можност за изрекување на прекршочна санкција за привремена забрана за вршење одделна дејност за правното лице, глоба за одговорното лице во правното лице, како и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност за одговорното лице.
25/12/2024
НОВО !!!
-----------------
ЦРМ ТАРИФНИК 2025
-----------------
Врз основа на член 18-а став 1 од Законот за Централен регистар („Сл.Весник на РМ“ бр. 50/2001 до 235/2024, Управниот одбор ЦР на РСМ, на седницата одржана на 16.12.2024 донесе ТАРИФА, со нови цени за услугите кои ги нуди Централниот регистар и за кои се наплаќа надоместок согласно со овој тарифник за чија примена постои согласност од Владата на РСМакедонија.
Цените се повисоки за некои до 80% од претходниот Тарифник.
Линк до Тарифникот:
https://www.crm.com.mk/CRMPublicPortalApi/api/files/f0f00e9b-38cb-ea11-a82c-000d3a28d0e4?ln=1